Македонија

Привремено затворен патот Качаник – граница со Северна Македонија

Министерството за инфраструктура на Косово информира дека поради изведување на градежни работи, од денеска и во наредните пет дена привремено ќе биде затворен патот Качаник – Генерал Јанковиќ, односно до границата со С. Македонија, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Патот делумно ќе биде затворен од денеска до 2 април и тоа во периодите од 8 до 11 часот и од 13 до 15:30 часот.

 

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни