Македонија

Проблемот со заминување на младите, Ибраим го гледа во погрешните политики од минатото – „Тоа не може да се поправи со 1 или 2 години, или со еден или два мандата“

Проблемот со заминување на младите, Ибраим го гледа во погрешните политики од минатото – „Тоа не може да се поправи со 1 или 2 години, или со еден или два мандата“

Единствениот кандидат за градоначалник на Центар Жупа, Аријан Ибраим во вестите на Сител истакна дека нивната парола била за доброто на општината да излезат да гласаат.

Според него, самата излезност покажала дека успеале во тоа.

„Нашиот народ ја сака Општина Центар Жупа. Второто беше да упатиме порака дека изборите во нашата општина во погрешно време се праат, дека во август секогаш ќе бидеме тука, и секогаш не има тука. Многу повеќе од пописот и од други податоци што се. Денеска нашата проценка кажува дека некаде околу 4000 излезеност, а ако имавме и против кандидат тие бројки ќе беа 5/6 илјади. И третото е како Турска демократска партија и како коалиција да продолжиме со проектите.“, вели Ибраим.

На прашањето за тоа што ќе направат за да ги задржат младите во државата, Ибраим вели дека тоа е стара вест и потекнувала дури од комунизмот со погрешните политики во минатото.

„Тоа не може да се поправи со една година или две или со еден или два мандата, или со месеци. Ние напорно работиме, сепак економската разлика што постои во Европа и тука, тоа што и нашата Влада сега се залага за Европа, е показател дека ако ние не се изедначиме со Европа тешко нас“, додава Ибраим.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни