Балкан

Продавниците во Солун ќе се затворат порано за да се заштеди енергија

Продавниците во Солун ќе се затворат порано за да се заштеди енергија

Продавниците на мало во Солун ќе затворат неколку часа порано за да заштедат енергија , пишува Екатимерини.

Иницијативата е на Стопанската комора и се очекува да се  намалат трошоците за енергија за бизнисите меѓу 5 и 7,5% дневно.

Продавниците ќе можат да работат од 10 до 16 часот во понеделник и среда и од 10 до 19 часот во вторник, четврток и петок.

Се очекува овие мерки да се спроведат и во другите делови од државата со намалување на работното време.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни