Продолжен притворот на осомничените за убиството на малата Данка Илиќ!

Вишиот суд во Зајечар денеска им го продолжи притворот на 30 дена на осомничените за убиството на Данка Илиќ, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, дознава српски Курир.

Нивните адвокати побараа укинување на притворот, но судот одби.

Да потсетиме, во текот на истрагата беа сослушани 25 сведоци, а меѓу нив беа и соседите и родителите на Данка Илиќ.

-Сведоците немаа директни сознанија за делото, никој од нив не го видел фактичкото дело на убиството. Исто така, во Националниот криминалистичко-технички центар на МВР (НКТЦ) и на Биолошкиот факултет во Белград се направени анализи на траги пронајдени во автомобилот на осомничениот, но и на предмети од куќата на осомничениот, а на ниту еден од 100-те предмети од автомобилот не е пронајдена ДНК трага или трага од крвта на Данка Илиќ, потсетуваат ни изворот.

Инаку, да потсетиме, во обвинението се вели дека камерите го снимиле движењето на возилото во кое се наоѓале Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, но не и дека е снимен контактот меѓу возилото и детето во Бањско Поље. Поточно, како што објаснува извор кој е запознаен со случајот, камерите не покажуваат дека детето било удрено од автомобилот. Исто така, според обвинението, се наведува дека Данка Илиќ е убиена така што со рака и го прекинал доводот на воздух, но се забележува и дека ова тврдење се заснова на признанието на обвинетиот, кое тој подоцна го повлекол.

Со оглед на тоа што Апелацискиот суд во Ниш го врати обвинителниот акт на повторно разгледување во Вишиот суд во Зајечар, останува да се види каква ќе биде одлуката на судот. Како што веќе објавивме, постојат две можности, или судот повторно да го потврди обвинителниот акт или да биде вратен на измена.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното