Македонија

Продолжи судењето за „Државна лотарија“

Продолжи судењето за „Државна лотарија“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Државна лотарија“, во кој се обвинети поранешниот вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор на Лотарија Перпарим Бајрами и уште шест лица. Рочиштето, според информациите од судот, влегува во доказна постапка со сослушување сведоци на јавното обвинителство.

Особено внимание привлекува развојот од претходното рочиште, кога ексдиректорот на Лотарија Владо Петковски го сменил својот исказ. Иако бил предложен како сведок од обвинителството, наместо да сведочи во негова полза, изнел детали и информации што, според кажаното во јавувањето, оделе во корист на одбраната. Поради тоа, бил прогласен за „непријателски сведок“.

Се очекува и денешните сведочења да бидат значајни за натамошниот тек на постапката, со оглед на претходниот пресврт во исказите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни