Во Трубарево денес продолжува дводневниот лекарски скрининг на населението, организиран од Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија.
Според податоците од првиот ден, на двата пункта биле прегледани вкупно 111 лица – 56 на Пункт 1 и 55 на Пункт 2. Генерално, пациентите се во добра здравствена состојба, но кај 11 лица се утврдени иритации и надразнување во грлото, поради што тие се упатени на дополнителни испитувања на Клиниката за пулмологија, информира Министерството.
Скринингот вклучува клинички преглед, мерење на пулс, сатурација и проценка на витален капацитет, со цел навремено да се утврди здравствената состојба на локалното население по големиот пожар во Трубарево на 13 септември.
Министерот за здравство, Азир Алиу, во синоќешно телевизиско гостување изјави дека најголем дел од граѓаните упатени на дополнителни прегледи се повозрасни. Тој упати апел до сите жители кои чувствуваат симптоми како кашлица, главоболки или отежнато дишење да се пријават за скрининг.
„Целта е да ги опфатиме сите граѓани кои имаат потреба од преглед. Добро е проблемите да се детектираат порано, за навремено да се третираат,“ нагласи Алиу.
Според протоколот, скринингот ќе се повтори уште два пати – по три и по шест месеци, за да се следи влијанието на загадувањето по пожарот.
Читај и ова:
- 1.Северна Кореја ја покажа својата нова ракета на воена парада, вели дека е најмоќна
- 2.Со службено возило на „Партизанска“ поминал преку две полни линии и вклучил флешери, полицијата го казни!
- 3.Го славиме Преподобен Харитон Исповедник
- 4.Скопјанец ја пријавил сопругата во полиција, го тепала со различни предмети!
- 5.Вирална фотографија: Бекам (183 см) помеѓу О’Нил (216 см) и Минг (229 см)