Македонија

Продолжува револтот на Алијанса кон Адеми – „Дали министерот е надлежен да изгради училиште во Речица“?

Продолжува револтот на Алијанса за Албанците кон министерот за образование Арбр Адеми, поради одземањето на надлежностите на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари. Алијанса за Албанците го праша Адеми дали е тој надлежен да изгради основно училиште во Мала Речица, нешто што со години го ветува неговата партија. Од оваа партија исто така го прашаа Адеми дали ќе понесе одговорност за учениците Албанци од Велес кои учат на македонски јазик.

„Гледајќи дека министерот Адеми има големи надлежности одземајќи и давајќи ингеренции во општина Гостивар. Алијанса за Албанците јавно го праша Арбр Адеми, дали е надлежен да изгради основно училиште во Мала Речица, нешто што неговата партија го ветува повеќе од 10 години“, рече Аљтрим Мамути – огранок на Алијанса за Албанците во Тетово.

„Потоа, да преземе одговорност за партиски непотизам, за малтретирање на професори и поради тоа што учениците Албанци учат на македонски јазик во Велес, немајќи можност да учат на својот мајчин јазик“, додаде Мамути.

Министерот за образование, Арбр Адеми, за ТВ21 пред неколку дена даде следниот одговор.

„Ние стоиме на располагање како Министерство за образование и наука, во случај доколку не се најдат потребните средства, тогаш ние како Министерство за образование и наука, ќе преземеме обврска да се вклучиме директно со цел во Мала Речица да има основно училиште“, изјави Арбр Адеми – Министер за образование и наука.

Инаку, ова е втор пат на Таравари во текот на мандатот да му бидат одземени надлежностите од Министерството за образование. Градоначалникот на општина Гостивар преку документацијата што ја објави порача дека постапувал согласно законот за назначување и разрешување на директори  во неколку училишта во Гостивар. Надлежностите ќе му бидат одземени во период од девет месеци, а ќе ги преземе Министерството за образование. Причините, се како што изјави министерот Адеми, прекршувањето на неколку процедури при разрешувањето на директорите.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД АБАЗИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни