Продолжува рочиштето за предметот „Титаник“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за предметот „Титаник“ на СЈО за изборни нерегуларности.

Случајот се наоѓа во доказна постапка, и денеска треба да се почне со читање на материјалните докази. На минатото рочиште беше побарано одбраната да достави список кои материјални докази да бидат прочитани.

Се вчитува...

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Извор: ТВ21