Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Денеска продолжува судењето за двојното убиство на малата Вања Ѓорчевска и вечешанецот Панче Жежовски.

На рочиштето ќе се читаат исказите на каратистот Боре Видевски од истрагата.

На последното рочиште, тој негираше вина за двете грабнувања и убиства.

Тој тврдеше дека не договарале киднапирање туку литија против промена на името на МПЦ, за време на убиството на Жежовски бил на работа, а за време на убиството на Ѓорчевска спиел во седиштето на партијата „Десна“ во Скопје и тоа до 10 часот, а потоа си заминал во Велес.

Негираше се што кажал во полициска станица каде што тврдеше бил тепан за да признае и потпише.

По читањето на исказите ќе следи испитување на адвокатите на останатите обвинети.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното