Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
На денешното рочиште е предвидено сведочење на законските застапници на оштетените во предметот.
Се вчитува...
Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата „ДНК“.
Истрагата покажа дека објектот со години работел без соодветни дозволи и противпожарна заштита.
