Продолжуваат борбите во Триполи, за 10 дена над 100 загинати и над 500 повредени

Најмалку 121 лице загина, а 561 е повредено за десет дена откако почна офанзивата на либискиот командант Калифа Хафтар врз либискиот главен град Триполи, соопшти денеска Светската здравствена организација. Од канцеларијата на СЗО во Либија се осудуваат новите напади врз медицински персонал и возило на итна помош во Триполи. Не се наведува колкав е бројот на цивили меѓу настраданите. Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања во одделно соопштение истакна дека 13.500 луѓе се раселени во борбите, од кои 900 се сместени во прифатни центри. Во жестоките борби од 4 април јужно од Триполи се судруваат силите на Владата за национално единство, која е призната од меѓународната заедница, и силите на командантот Хафтар. Покрај копнените борби, двете страни секојдневно извршуваат и воздушни напади и меѓусебно се обвинуваат дека мета им се цивилите.

The post Продолжуваат борбите во Триполи, за 10 дена над 100 загинати и над 500 повредени appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното