Поврзи се

Македонија

Проект за поддршка на лицата со оштетен вид инициран од УСАИД и Лајонс Клуб

Published

on

Министерот за образование и наука д-р Арбер Адеми, заедно со Н.Е. амбасадорот на САД г-дин Џес Бејли, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска се обратија на тркалезна маса посветена на иницијативите на институциите на системот за преземање и продолжување на имплементацијата на проектот за поддршка на слепите лица во Република Северна Македонија.

Во делот на образовната компонента, истакна министерот Адеми, основани се пет ресурсни центри во Скопје, Тетово, Штип, Битола и Велес, каде децата со оштетен вид посетуваат дополнителна настава и се едуцираат преку материјали, односно учебници напишани на Брајово писмо.

-Текстот продолжува по рекламата-

Во овие центри реализирани се и обуки на повеќе од 200 наставници, едукатори за работа со овие деца. Исто така, од страна на Црвениот крст е основан и Центар за лица со оштетен вид каде се реализираат сертифицирани курсеви за ИТ вештини, за англиски јазик, работилници за вештини за ориентација и мобилност, за социјализација, изјави Адеми, напоменувајќи дека новата Стратегија за образование 2018 – 2025 предвидува значително подобрување на квалитетот на образованието на лицата со извесни посебни образовни потреби.

Во таа насока, додаде тој, целиме училиштата да прераснат во целосна инклузивна средина за сите ученици независно од физичките и психички специфичности, што подразбира подобрување на инфраструктурните услови во училиштата во насока да се овозможи прифаќање и непречено движење на овие ученици во внатрешноста на објектите, обуки за наставниот и стручниот кадар, набавка на асистивна технологија, формирање на инклузивни тимови, изработка на индивидуални образовни планови и така натаму.

Според амбасадорот Бејли, овие партнерства се одличен пример за здружување за поголем импакт.

– Пред пет години, УСАИД и Фондацијата Лајонс Клуб, ги здружија силите за да им помогнат на локалните институции и заедници за да ги детектираат и превенираат очните аномалии кај децата и да ги зголемат образовните можности за лицата со пречки во видот. Ова партнерство се зголеми и вклучи многу други организации и поединци од што многу граѓани на Северна Македонија имаа директна корист. Земете ја, на пример, Барбара Василевска.

На 7-годишна возраст, на Барбара и беше дијагностицирана атрофија на очниот нерв. Нејзините родители се обратија во новоформираниот ресурсен центар во Битола за помош. Центарот и овозможи на Барбара специјална настава четири пати неделно со помош на специјален едукатор. За само неколку месеци, таа беше подготвена да се приклучи во основното училиште во Битола. Тоа е токму она што ние се надевавме да го постигнеме – вклучување на деца и возрасни со оштетен вид во редовните активности и секојдневниот живот, рече амбасадорот Бејли во своето обраќање.

Унапредување на правата и овозможување подобри услови за лицата со попреченост, како што потенцираше министерката Царовска, останува приоритет на Министерството за труд и социјална политика.

– Со новиот Закон за социјална заштита кој е во собраниска процедура се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост – лична асистенција и домашна нега. Сите овие новини значително ќе ги зголемат правата на лицата со попреченост, ќе се зголеми обемот на услуги до коишто истите ќе имаат пристап, и ќе се вложат зголемени финансиски средства во индивидуалните услуги кои ќе овозможат независен и живот на лицата во нивното место на живеење и нивно поголемо социјално вклучување, додаде министерката за труд и социјална политика.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека визуелниот систем е еден од најважните за правилен раст и развој на едно дете. Доколку, рече тој, се утврдат одредени недоследности, најдобри резултати има кога навремено се санираат.

– Скринингот на 30.000 деца веќе даде конкретни информации за состојбата со видот кај децата во нашата земја. Министерството за здравство до крајот на годината ќе воведе Програма за ран скрининг на видот кај децата и ќе ги преземе сите мерки во рамки на организиран систем кој ќе понуди здрава иднина за здрави деца“, потенцираше министерот Филипче.

Извор: ТВ21

Loading...
Совет за етика во медиуми

Реклама
Македонија

Мицкоски: Недржавничко е однесувањето на Заев за избори да има на 5-ти јули

4NEWS.mk

Кривична за кафеаната во која вечерал лидерот на опозицијата

Македонија

„Треба да се прават многуповеќе тестови, серолошки PCR, брзи… да се детектираат сите кластери – потреба ни е вистинска победа на вирусот, а не политичка“, бара Мицкоски

4NEWS.mk

Боки 13 нуди 146 илјади евра за да излезе од затвор

Македонија

Мицкоски: Утре сакам да се постигне датум за избори и оваа тригодишна пандемија на Заев да заврши, но кога имаме троцифрена бројка на новозаразени тоа е невозможно

4NEWS.mk

Големиот број на болни ја одложи дебатата за избори

Македонија

„Чувството на граѓаните е дека политичарите не успеваат да го исполнат она што го ветуваат“, рече Мицкоски

4NEWS.mk

Гужви на пазарите, колони пред маркетите

Македонија

„Мојот мотив е да им кажам на граѓаните дека може поинаку, затоа не ветувам многу, ако погрешам од незнаење ќе се извинам“, рече Мицкоски

4NEWS.mk

Граѓаните револтирани за забраната – владиците на МПЦ обвинуваат за поделби помеѓу верските заедници

4NEWS.mk

Предупредување од докторите: По Ковид-19 доаѓа полошо нешто

Македонија

ВИДЕО: Моментот кога авионите кои го прелетуваа Скопје беа пресретнати од руски “Сухои” над Црното море

4NEWS.mk

Надвор од сончевиот систем е откриена планета слична на нашата

4NEWS.mk

Зибери: На погребот на покојник со КОВИД-19, имало 200 луѓе – семејството не сака да се тестира

4NEWS.mk

Филипче: Можни се поригорозни мерки за задушница

Македонија

Филипче: Или ќе продолжиме да го враќаме животот во нормала, или ќе се враќаме назад кон рестриктивните мерки

Македонија

Јанева: Лежам во притвор поради Камчев, тоа е валкан играч кој мисли дека може секого да купи со пари, ама мене не

4NEWS.mk

Уапсени 7 полицајци во кратовско, правеле журка сред пандемија

4NEWS.mk

Шекеринска: Дејствијата од 2001 се далеку зад нас, најважно е дали политичарите им служат на граѓаните

4NEWS.mk

Членовите на КЗБ: Најверојатно ќе дојде време за враќање на рестриктивните мерки

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“

Македонија

ВИДЕО: Секоја чест! Полицајци од ПС Бутел спасија мало куче од дупка длабока 4 метри

Македонија

(ВИДЕО) Пенадровски: Да не сум претседател и јас би се иселил од Македонија

4NEWS.mk

Хаварија во ОХИС, неподнослива миризба се шири во околината

Македонија

Сам и со церебрална парализа, во темница, студена соба, со долг од над 200 илјади денари

Реклама