Проекциите полоши од 2009-та и 2012-та – економијата сериозно погодена, но банкарскиот систем стабилен

Дека македонската економија е сериозно погодена од  пандемијата  најдобар показател  се состојбата со БДП и јавниот долг, чии проекции според министерот за финансии се полоши во однос на финансиската криза од 2009 и 2012.

Се вчитува...

„Ситуацијата е сериозна,  колку голема е оваа криза во споредба со 2009 и 2012 каде имавме пад од 0,4..0,6, пад на БДП. Сега само во првиот семестар имаме 6,5 проценти пад на БДП, со вториот квартал 12,7  и во ситуација кога   јавниот долг беше 26,7 проценти од БДП , а сега сме на 59.5 проценти“, вели Фатмир Бесими.

Доброто во целата приказна според првиот финансиер е што финансискиот систем е стабилен, а динамиката во финансискиот сектор е со позитивен предзнак.

„Тоа што е добро е што останува дефалтноста на капиталот 17 проценти, ликвидноста на 30 проценти, лошите пласмани 4,7 %, што од аспект на финансиската стабилност е една голема предност и во делот на справување со Ковид .. 09.20… Исто индикаторите за вкупните депозити во период август споредбено се 5,2 % раст,  а слично е и кај кредитната активност значи 8,8 % раст на годишно ниво“, посочи Бесими.

Во делот каде што директно ќе биде вклучен банкарскиот сектор  Бесими го потенцираше  моментот со развојната инвестициска банка  се работи на дополнителни 100 милиони евра за дополнителни кредити и грантови за комерцијалните банки.

Од Македонската банкарска асоцијација беше посочено дека банкарскиот сектор е стабилен и ликвиден. Од таму потсетија на  активностите кои Банките ги имале во периодот на КОВИД, меѓу нив и одложувањето на отплатата на кредитите на физичките и правните лица.

„Во март беа одложени, односно одложување за плаќање на кредитите прифатија 70 проценти од физичките лица, 35 проценти од правните лица и сега кога се наближи крајот на тоа одложување, повторно банките заклучно со 30.09 дадоа нова можност за повторно отворање на процесот на одложување“, вели Маја Стевкова Штериева.

Банките најавија дека ќе продолжат да соработуваат со сите засегнати страни со цел излез од актуелната криза.

Новина е и тоа што законот за Буџет од денеска е прикачен на ЕНЕР, и според Бесими во овој реформски закон кој е усогласен според европските регулативи  во иднина во јавна расправа ќе може да се вклучи секој.

.

Извор: ТВ21