Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година, признание што веќе две децении го доделува Охридската академија на хуманизмот.

Во своето обраќање, Бенедиктер порача дека во ера на војни, климатски промени и неконтролиран развој на вештачката интелигенција, токму хуманизмот и творештвото се главната сила со која човекот мора да му се спротивстави на уништувањето.

„Охрид поседува посебна аура каде што духот и културата опстојуваат низ вековите. Денес, кога вештачката интелигенција се заканува да го направи човештвото понеинтелигентно, а светот се соочува со деструкција, поголем степен на хуманизам е клучен за заздравување на нашите општества“, истакна лауреатот Бенедиктер.

Претседателот на жирито, амбасадорот Јордан Плевнеш, нагласи дека Бенедиктер повеќе од три децении преку науката и културата работи на надминување на историските поделби и афирмација на Македонија и Балканот како суштински дел од европскиот духовен простор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни