Македонија

Променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд и снег на планините

Променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд. На планините, особено во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд и снег, а само на повисоките планини повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно и посвежо, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Од недела ќе преовладува стабилно време со магла по котлините.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни