Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Во попладневните часови локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²), проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. T=24°C. P=985hPa. U=75%. V=4m/s.
Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²). Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно. Дневната температура во текот на прогнозираниот период ќе биде за 8 до 10 степени пониска во однос на претходниот.