Променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне ќе има повремен локален слаб дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во текот на новата седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во понеделник и во вторник ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, наместа со брзина над 60 km/h. До вторник дневната температура ќе биде во пораст, а од среда во постепено опаѓање.