Македонија

Променливо облачно и студено, попладне со сончеви периоди

Променливо облачно и студено, попладне со сончеви периоди

Променливо облачно и студено, попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно и студено со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Под влијание на нов влажен бран во среда ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. На места, особено во западните делови, врнежите ќе бидат пообилни.

Од четврток температурата ќе биде во пораст, но ќе има услови за магла и значителна ниска облачност по котлините. Врнежи од дожд повторно се очекуваат во сабота.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни