Променливо облачно попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд

Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²).

Ќе дува засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Во Скопје, променливо облачно попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.