Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во источните делови. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, облачно претпладне со повремени врнежи од дожд . Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
