Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд!

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд!

Претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со утринска магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен, а попладне долж Повардарието од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со слаба магла, а попладне и во вечерните часови со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во петок ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови. Во сабота врнежите ќе бидат локални, а на планините ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни