Променливо време со дожд и снег во наредните денови

Претпладне студено, преку денот сончево со мала до умерена локална
облачност, поголема во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Претпладне студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. T= 9 °C, P= 995 hPa, U= 32 %, V= 3 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Од утре следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Од ноќта кон понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините и на повисоките места повремено ќе провејува слаб снег.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното