Променливо време за викендот, пообилни врнежи од дожд во среда

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), проследени со појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег при што снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. T=13°C. P=964hPa. U=70%. V=4m/s.

За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи со послаб интензитет. Нови пообилни врнежи повторно се очекуваат во текот на ноќта кон среда и во среда. Во недела и во среда ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.