Македонија

Пронајден канабис во битолско, приведени три лица

Тројца жители од село Мусинци битолско вчера се приведени откако полицијата во нивниот дом пронашла стебла и семки од канабис.

Од МВР соопштија дека полицајци од СВР Битола, ги лишиле од слобода В.А.(21), Г.А.(28) и В.А.(26), бидејќи по претходно издадена судска наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Битола бил извршен претрес во нивниот дом и биле пронајдени стебла и околу 1000 семки од канабис.

Според процедурата на полицијата, по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни