Македонија

Пронајден угинат Балкански рис на патот Охрид – Ресен

Пронајден угинат Балкански рис на патот Охрид – Ресен

На патот Охрид – Ресен, односно кај с. Буково утрово во 6 часот е пронајден угинат балкански рис.

Се работи за возрасна женка.

„Надлежните служби извршија теренски увид во соработка со Македонско еколошко друштво и Државен Инспекторат за животна средина. Угинатата рисица ќе биде однесена на обдукција во Скопје на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ, Скопје“.

Инаку, Балканскиот рис е строго заштитен и критично загрозен вид на територијата на државата, а секој ваков случај претставува сериозна загуба за биолошката разновидност.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни