Пронајдена муниција во автобус на граничниот премин Табановце

На граничниот премин Табановце, мобилните екипи на Царинската управа вчера изутрина во автобус на компанијата „Дурмо Турс“ пронашле околу 600 патрони од различен калибар.

Според неофицијални информации, муницијата му припаѓа на еден од возачите на автобусот, кој ја криел на посебно место.

Од Основното јавно обвинителство Куманово потврдија дека е отворена истрага.

– ОЈО Куманово поведе истрага против две лица, на кои по предлог на обвинителот им се определени мерки на претпазливост. Продолжуваат дејствија за целосно расчистување на настанот и испитување на потенцијална инволвираност на други лица – соопштија од ЈОРМ.

Истрагата е во тек, а надлежните најавуваат дополнителни информации по нејзиното завршување.