Пронајдени остатоци од човечко тело во кавадаречкото село Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атарот на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Случајот бил пријавен вчера во 16:40 часот.

Од СВР – Велес појаснуваат дека на местото на настанот бил извршен увид од јавен обвинител, во соработка со увидна екипа од ОВР – Кавадарци. По наредба на обвинителот, пронајдените остатоци биле предадени за обдукција и ДНК анализа за утврдување на идентитетот.