Свет

Пронајдени остатоците од авионот на фудбалерот Сала

Потрагата даде плод, и вечерва пронајдени се остатоците од авионот во кој се возеше аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала. Авионот на Сала, во кој беше само со пилотот, се урна на 21 јануари во водите во каналот Ламанш. Првата потрага не даде плод, а потоа откако беше прекината, по барање на големите фудбалски „ѕвезди“ истата продолжи.

Беа ангажирани и приватни компании да го најдат авионот. Како што јавува „Скај“, еден од пловните објекти за барање го нашол авионот на дното на каналот Ламанш. Засега повеќе информации не се откриваат.

Емилијано Сала на 21 јануари леташе од Нант до Кардиф, каде што потпиша за тој Премиерлигаш. Меѓутоа авионот исчезна од радарот непосредно по напуштањето на копнениот дел на Франција.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни