Пронајдени се посмртните останки на сите 67 жртви од судирот на американски патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон, соопштија официјални лица.
Според податоците, идентификувани се 66 тела, јави CBS News.
Националниот одбор за безбедност на транспортот соопшти дека податоците од екраните на контролорите на летање покажале дека хеликоптерот бил на надморска височина од околу 91,5 метри во моментот на судирот ноќта меѓу средата и четвртокот.