Македонија

Пронајдени во Кавадарци украдените коњи од Илинденски марш

Пронајдени во Кавадарци украдените коњи од Илинденски марш

Коњи учесници во Илинденскиот марш кои претходно биле пријавени за украдени во Скопје, пронајдени се во Кавадарци. Од СВР Велес денес потврдија за МИА дека имаат евидентирано ваква пријава во кавадаречката полиција.

-Денес 25.07.2024 во ОВР Кавадарци, И.Т. од Скопје пријавил дека на ливада во близина на улица „Клинска“ во Кавадарци, ги пронашле коњите кои биле ангажирани за учество во Илинденскиот марш, за кои претходно во Полициска станица Аеродром во Скопје, било пријавено дека се украдени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во писмениот одговор од портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

-Всушност, беа украдени три коњи од седиштето на Илинденскиот марш во Горно Лисиче, пронајдени се во Кавадарци, рече тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни