По 24 часа интензивна потрага, денеска е пронајден 22-годишниот Диме Стојамиров од Тремник, Неготино, кој исчезна вчера околу 14 часот.
Момчето, кое има здравствена попреченост, беше пронајдено во добра состојба во село Дисан.
Потрагата по него се одвиваше со ангажман на стручни тимови, дрон и доброволци.
„Диме е пронајден во добра состојба, луѓе од Дисан ни јавија дека го нашле. Сега е на пат кон дома и се очекува да пристигне секој момент. Не знаеме каде ја поминал ноќта и што се случило, но најважно е дека сето ова заврши добро. По неговото враќање дома ќе имаме повеќе детали. Благодарни сме на полицијата, на сите жители кои доброволно учествуваа во потрагата, и на сите кои ја споделија неговата фотографија“, изјави чичкото на момчето.