Согласно дојавата од граѓани на 112 во Центарот за управување со кризи и координација со МВР и со Брза помош, попладнево е пронајдено лице, за кое се верува дека е истото кое се фрли во водите на Вардар од мостот „Близнак“ на булевар Србија.
Телото е лоцирано на околу два километра низводно од истоимениот мост.
Истото е извлечено од тимот на МВР и понатаму ќе се постапува согласно процедурите за вакви случаи и дополнително ќе следи идентификација и потврда на случајот.