Без знаци на живот, вчера било пронајдено телото на шеесет и четиригодишната Станика Китановска од селото Цветишница, која беше пријавена за исчезната на 27 декември 2024 година.
Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја пронашле почината Станика Китановска во долот во селото, на 02.02.2025, околу 10:30 часот. Полицијата информира дека нејзиното тело не било во фаза на распаѓање, но имало траги од напади на животни.
Специјален тим полициски службеници, според информации добиени од семејството, започнал со потрага по исчезнатата жена, која била последен пат видена во својот дом. По насока на јавен обвинител, телото било предадено на семејството.