Во август 2025 година, просечната месечна нето-плата изнесувала 45.310 денари, а просечната бруто-плата по вработен достигнала 68.180 денари, соопшти Државниот завод за статистика.
Според податоците, во споредба со август 2024 година, просечната нето-плата е зголемена за 10,3 проценти.
Од Заводот објаснуваат дека растот на платите се должи пред сè на зголемувањето во одредени сектори, како што се здравството и социјалната заштита (14,6%), образованието (14,5%) и административните и помошни услужни дејности (14,1%).
Во однос на јули 2025 година, зголемување на просечната месечна нето-плата е забележано и во секторите уметност, забава и рекреација (5,2%), објекти за сместување и угостителство (4,7%) и рударство и вадење камен (4,5%), стои во соопштението на Државниот завод за статистика.