Просечната плата во Словенија изнесува 1.580,84 евра!

Просечната нето плата во Словенија за март изнесуваше 1.580,84 евра, што е номинално за два проценти повисока и за 1,4 проценти повисока во реалност во споредба со февруари, објави денес Заводот за статистика на Словенија (Сурс).

На годишно ниво, просечната словенечка нето плата номинално се зголеми за 7,6 проценти во споредба со март 2024 година.

Просечната нето плата во јавниот сектор во Словенија за март изнесува 1.780,07 евра, што е за 1,1 процент повеќе во однос на февруари и 10,2 проценти повеќе во однос на март 2024 година.

Во приватниот сектор, просечната плата за март достигна 1.488,60 евра, што е за 2,5 проценти повеќе во однос на февруари и за шест проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година.

Како што е наведено, просечната нето плата во Словенија за првиот квартал од 2025 година, од јануари до март, изнесува 1.566,67 евра, што е за седум проценти повеќе во однос на истиот квартал минатата година.