Македонија

Проштална средба на МНР Никола Димитров со амбасадорот на САД во Република Северна Македонија, Џес Бејли

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес го прими во проштална средба aмбасадорот на САД во Република Северна Македонија, Џес Бејли.260219OA MNR Dimitrov Prostalna sredba so ambasadorot na SAD 1640

Изразувајќи задоволството од плодниот ангажман на амбасадорот Бејли во нашата држава, министерот Димитров му врачи благодарница за неговата посветеност и напори вложени во промовирањето на американско-македонското пријателство и блиска соработка.260219OA MNR Dimitrov Prostalna sredba so ambasadorot na SAD 1667

Министерот Димитров ја нагласи важната улога, поддршка и верба на САД во постигнувањето долгорочна стабилност, демократизација и просперитет на нашата држава. Во оваа насока, ја истакна благодарноста за континуираната поддршка од САД на евро-атлантскиот пат на Република Северна Македонија.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни