Излегоа на протест за да бараат повисоки плати во јавниот сектор, согласно процентот со кој е покачена минималната плата. Протестот симболично се одржаа под мотото „Пристојна плата, пристоен живот“ а дел од барањата на демонстрантите беа: работа без притисок, сигурност на работното место, почитување на законските одредби, колективните договори и социјалниот дијалог. На протестот му се приклучи и Синдикатот на образование, наука и култура. Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, рече дека во државата секојдневно се кршат правата на работниците.
Исмет Зеќири од СОНК, рече дека покачувањето на платите од 5% во образовниот сектор не е доволно. Уверува дека ќе продолжат да се борат за повисоки плата и регулирање на надоместокот за превоз на просветните работници.
„Треба да го кренеме гласот, за да имаме солидна плата и живот, бидејќи ние сме одразот на државата. Сите оние кои денеска нѐ претставуваат и се на разни државни позиции, излегле од овие наставници кои се жртвувале за ние и кои воопшто не застануваат“, изјави Исмет Зеќири – потпретседател на СОНК Куманово.
„Излеговме да протестираме за покачување на платите. Бараме покачување од 25% и исплата на К15, кој веќе неколку години не го добиваме. Условите во училиштата се многу тешки, не можеме да ги покриеме трошоците“, изјави Мехмет Шабани – просветен работник.
„Бараме покачување на платите за наставниците, да ни се даде регрес, и други права. Ние сме единствените наставници на Балканот со ниски плати. Нашите плати се минимални“, изјаи Енвер Абази – просветен работник во ОУ „Јероним Де Рада“ – Черкези.
Организаторите на протестот најавија дека ќе продолжат со искажување на нивниот револт сѐ додека не се исполнат нивните барања.
РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ
The post Протест на работниците во јавниот сектор, бараат повисоки плати и безбедност на работното место appeared first on ТВ21.