Македонија

Протест на вработените од „Колска“, блокада на пругата Скопје-Гевгелија кај Велес

Протест на вработените од „Колска“, блокада на пругата Скопје-Гевгелија кај Велес
Вработените во фабриката за шински возила „Велес“ поточно „Колска“ денеска од 07:30 часот ќе протестираат на железничката станица Велес изразувајќи незадоволство од нерешавањето на нивните проблеми.
Протестот ќе се реализира со блокада на железничкиот сообраќај. На протестот најавено е присуство на претставници од Сојузот на синдикати на Македонија, во чиј состав е и синдикалната организација на „Колска“.
– Другите облици на изразување на работничкото незадоволство поврзани со барањата од генералниот штрајк, барањата на работниците и штрајкувачите во наредниот период ќе бидат се поизразени, стои во објавата на Сојузот на синдикати на „Фејсбук“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни