Балкан

Протест пред рускиот конзулат во Варна – се скандира „убијци“

Протест пред рускиот конзулат во Варна – се скандира „убијци“
Пред рускиот конзулат во Варна се одржува протест поради воените дејствија на територијата на Украина, објави БТВ. Украинците, Русите, Бугарите и Белорусите скандираат: „убијци“ и „Путин убиец“. Тие повикуваат на мир. Рускиот претседател Владимир Путин во раните утрински часови најави воена операција во Донбас. Тој рече дека одговорноста за можното крвопролевање целосно ќе лежи на совеста на „украинскиот режим“ и ги повика украинските војници веднаш да го положат оружјето и да си одат дома. Светот ќе бара одговорност од Русија, изјави американскиот претседател Џо Бајден во официјалното соопштение од Белата куќа. ЕУ подготвува санкции.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни