Македонија

Протест пред Владата во знак на солидарност со народот на Палестина од окупацијата на Израел

Протест пред Владата во знак на солидарност со народот на Палестина од окупацијата на Израел

Социјалниот центар „Дуња“ ќе одржи солидарен протест во сабота (18.11) во 11:55 пред Владата заради актуелните случувања во појасот Газа и Западниот брег.

„Како резултат на бомбардирањата и нападите на Израел врз појасот Газа, до сега загинаа над 11 000 Палестинци меѓу кои и илјадници деца. Над 2 милиони луѓе во Газа се оставени без вода, храна и струја, а ситуацијата се влошува секој ден.

Затоа, ги поддржуваме барањата за итен прекин на нападот над Газа и операциите во Западниот Брег. Протестираме против угнетувањето и уништувањето на палестинскиот народот.

Протестираме и го изразуваме нашиот револт против срамната и нечовечна одлука на Македонија со која не ја поддржа Резолуцијата на Обединетите Нации за хуманитарно примирје.

Протестираме и бараме крај на окупацијата, ослободување на сите политички затвореници, враќање на бегалците во нивните домови, и постигнување на долготрајно решение за траен мир врз принципите на еднаквост, правичност и взаемно почитување“, велат во соопштението.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни