Собирот го повика неформална група граѓани Еко гарда, а причина за тоа е високото ниво на загаденост на воздухот во Белград и уште 12 градови во Србија.
Во Белград се одржа уште еден протест поради лошиот квалитет на воздухот во Србија.
И оваа година Србија е на неславното прво место во Европа по бројот на смртни случаи кои може да се поврзат со загадувањето и на самиот врв на светот кога станува збор за загадувањето на воздухот.