Балкан

Протест во Сараево поради несреќата во која загина млада докторка

Протест во Сараево поради несреќата во која загина млада докторка

Голем број сараевчани вечерва се собраа на улицата Титова во Сараево каде положија цвеќе и и оддадоа почит на д-р Азра Спахиќ (26), која загина кога заедно со нејзините две другари ги покоси автомобил со кој управувал Армин Берберовиќ.

Берберовиќ (26), како што подоцна било утврдено, не го положил возачки испит и возел над дозволената брзина и со одреден процент на алкохол во крвта.

Тој беше предаден на Обвинителството на кантонот Сараево, а поради тој трагичен настан денеска вонредна седница одржа кантоналната влада на која беа усвоени низа превентивни и репресивни мерки, кои треба да придонесат за безбедноста во сообраќајот.

На вечерашниот протест во улицата Титова во центарот на Сараево, каде што се случи несреќата, присуствуваа голем број студенти по медицина, колеги и професори на жртвата Алма Спахиќ.

На протестот беше и Амир Агиќ, таткото на Селма, која почина пред шест години со нејзината пријателка Едита Малкоч на пешачкиот премин кај Филозофскиот факултет во Сараево.

Девојките загинаа во сообраќајна несреќа кога ги усмрти Сањин Сејфиќ, кој беше осуден на 16 години затвор.

„Мораме да им дадеме поддршка на родителите на Азра, поддршка и на нашите деца… Гледате што се случува, овде ни ги убиваат децата. Нашите Едита и Селма ги уби идиот, а овде ќе испадне дека истото е направено“, рече Агиќ.

На протестот се приклучи и Муриз Мемиќ, таткото на Џенан Мемиќ, кој под се уште неразјаснети околности се здоби со тешки повреди на 8 февруари 2016 година во Велика Алеја во Илиџа, од кои почина седум дена подоцна.

Повтореното судење на групата обвинета од Обвинителството на Босна и Херцеговина за неговата смрт започна пред Судот на Босна и Херцеговина.

За време на протестот сообраќајот беше прекинат по улицата Титова.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни