Протести за дислокација на обложувалниците, Движење против коцкање: Во Речица успеавме, ќе успееме секаде

Жителите на село Пршевци, Тетово, протестираа против спортските обложувалници. На протестот се придружи и селото Глоѓи. Поддршка стигна и од Движење против коцкање кои заедно со жителите на Пршевци протестираа за дислоцирање на две обложувалници во ова село.

Ова не значи дека ќе застанеме овде, ова треба да се случи и во Тетово и насекаде, за оваа појава да се спречи.

Се вчитува...

Од Движење против коцкање велат дека ќе се спротивстават на игрите на среќа секаде каде што ќе има обид за нивно заживување.

Ние сме од Мала Речица. Таму се спротивставивме против најголемиот објект, кој треба да биде казино, а тоа ќе им наштети на нашите деца, младина и општество. Излеговме за да ги заштитиме децата и ќе се бориме со секоја негативна појава како казината, обложувалниците и игрите на среќа.

Протестот го поддржа и селскиот имам.

Излеговме и не сме против никого, не сме му лути на никого, ние сме против злото и против злото се бориме.

Иницијативата за протест ја покренаа месната заедница на село Пршевци, здружението „Пршевци какво што го сакаме“, Советот на селската џамија, Управата на основното училиште „Асдрени“, село Глоѓи и сите ограноци на политичките партии во село Пршевци. Жителите на ова село најавија нови протести кои ќе се одржат во Тетово и некои други локации.

Репортер: Арменд Абази

Извор: ТВ21