Со букети во рака, заедно со родителите, учениците од ОУ „Визбегово “ започнуваат ново, патување во образованието.
Денеска е прв ден и за учениците и за самото училиште, затоа што основното училиште „Визбегово “ за прв пат е пуштено во употреба за жителите од оваа место. За отворањето на училиштето се радуваа родителите кои ги запишаа децата во прво одделение, но и другите кои претходно нивните децаа ги праѓаа во училиштата во Чаир, Бутел и Шуто Оризари. Тие пред камерата на ТВ21 го изразија нивното задоволството и ја истакнаа важноста за отворањето на ова училиште.
АНКЕТА:
Родител: Отворањето на оваа училиште има најголема важност за децата. Досега далеку одеа. Многу е добро за децата.
Синот сега е прваче?
Да, прваче. Поголеми деца дали сте имале?
Не, но имавме роднини кои ги праќаа децата до Чаир и Шутка , беше далеку. Ова е многу добра можност за нас како жители на Бизбег.
Реално има голема важност, претставува олеснување бидејќи претходно беше голем товар за родителите кои беа обрзани децата да ги носат до училиште. А сега е добра можност децата да следат настава блиску нивните домови родителите ќе имаат повеќе време за да им посветат на децата а не да останат по улиците чекајќи автобуси и средства за да обезбедат превоз за децата, така да ова е многу добра можност.
Дај боже сите деца да имат добар успех. Синот е прваче.
Дали имате поголеми деца?
Не, ова е моето прво дете.
Сега ова училиште е поблиску бидејќи бевме обврзани да ги носиме до подалечните училишта. Беше подалеку. Околу 5 километри, сега е поблиску, подобро за сите ученици кои се тука блиску. Ова е големо задоволство.
Има многу поголема важност. Ние сме поблиску, сме жители на Визбегово. Ми одговара тука повеќе отколку да го однесам во Чаир или во другите училишта.
А досега каде следеше настава вашата ќерка?
Беше во Исмаил Ќемали во Топанско Поле. Сега е трето одделение.
А тие кои најмногу се радуваат се токму децата. Преполни со емоции раскажуваат што учеле досега и дали биле одлични ученици.
Дали си учел нешто, буквите или некоја песна?
Не.
Ќе учиш на школо нели? Дали ќе бидеш одличен, сите оценки да ти бидат петки?
Да.
Како се викаш?
Фати.
Дали си среќен што се запишуваш во училиште?
Да!
Дали ќе учиш? Ќе бидеш одличен ученик?
Да!
Дали ги знаеш буквите?
Да, А, Б, Ц, Ч.
Браво, одлично.
Дали учиш, дали оценките ти се сите петки? Да!
Дали и овде ќе ти бидат сите петки! Да!
Дали ќе ја слушаш наставничката? Да!
Дали си ги научил буквите? Да!
А ти срце како се викаш? Инара!
Сега се запишуваш во прво одделение? Да!
Дали досега си учела нешто, азбуката или некоја песна? Да!
Ени. Кажи ми дали си среќна што сега ќе одиш на училиште? Да!
Дали си учела нешто, некоја песна или бројките?
Да! Еден, два, три, четири, пет, шест, седум, осум, девет, десет.
Иако училиштето е подготвено за употреба, наставата не започнува од денеска. Тоа е затоа што недостига наставен кадар. Директорот на ОУ „Визбегово “, Кадри Елези, извести дека Министерството за образование и општина Бутел наскоро ќе го отворат конкурсот за прием на нов кадар, а потребни се околу 21 наставници .
„Договорено е да се забрза постапката за добивање согласности, а потоа да се отвори конкурс за прием на нови кадри и потоа да има нормален наставен процес од прво одделение до петто одделение. Вистина е дека жителите на населба Визбегово долго чекаа за училиште, но ќе почекаат уште неколку дена додека официјално да почне наставата“, вели Елези.
Директорот Елези најавува дека во прво одделение се запишани 48 ученици, но чекаат да се запишат уште. Оваа година настава ќе следат ученици од прво до петто одделение.
„Во прво одделение досега бројката е 48, но во наредните денови очекуваме да се запишат и другите деца од населбата кои живеат овде, до петто одделение, а оние ученици кои ќе се запишат во петто, образованието ќе го продолжат во шесто, седмо одделение и така до деветто одделение.“, рече Елези.
ОУ „Визбегово “ има капацитет за 500 ученици, кои треба да бидат распоредени во 17 паралелки.

