Прв крстосувач помина низ Ормускиот теснец од почетокот на војната

Селестијал Дискавери“ стана првиот патнички брод што помина низ Ормутскиот теснец од почетокот на војната. Бродот со малтешко знаме денес исплови од Дубаи, каде што беше закотвен 47 дена, со насока кон Оман. Според извештаите, плови без патници, пренесува „Еуроњуз“.

Преминувањето на бродот се случи неколку часа откако Иран и САД објавија дека стратешкиот воден пат, кој е практично затворен од почетокот на конфликтот, ќе биде целосно повторно отворен за комерцијален сообраќај до крајот на прекинот на огнот.

Според податоците од службата за следење на морскиот сообраќај „МаринеТрафик“, се очекува бродот да пристигне во Оман утре. Веста е во фаза на изработка и ќе се ажурира кога ќе бидат достапни нови информации.