Прв пат ја однел девојката на вечера, а таа ја донела цела фамилија – урнебесна реакција на момчето

Кинез во тамошните медиуми претставен како Лиу (29), момче кое неодамна си ја проба среќата на „невиденото“, се нашол во една од најневеројатните ситуации за кои сме слушнале.

Имено, дотичната млада дама го понела целото семејство со себе во ресторанот за да вечераат на негова сметка.

Се работи за вкупно 23 члена!

Наместо веднаш да се заврти и да го напушти барот, младиот човек останал на вечера, а кога стигнала сметката, платил помал дел и си заминал, пишува порталот Taizhou Evening News.

Девојката подоцна се обидела да го оправда својот потег дека само сакала да види дали Лиу е дарежлив и дали во него има потенцијал за врска.