Денес на Клиниката за ТОАРИЛУЦ во Скопје беше изведена првата операција во Македонија со навигациски систем за тотална протеза на колк.
Операцијата ја изведоа Д-р Макридис Константос од Грција и Д-р Игор Мерџаноски, директор на ТОАРИЛУЦ и раководител на ортопедската служба, заедно со тимот на клиниката. За време на интервенцијата се користеше компјутерска навигација што овозможува прецизно поставување на протезата со 3D визуелизација на колкот во реално време.
Покрај хирурзите, дел од медицинскиот и помошниот персонал се едуцираше за користење на навигацискиот систем, што ќе овозможи поширока примена на оваа технологија во иднина. Денес се планирани и три операции со навигациски систем за вградување протези на колена, при што во еден случај ќе се заменат двете колена одеднаш – ретка и комплексна интервенција кај пациенти со билатерална артроза (gonartroza).
Придобивките за пациентите вклучуваат:
Подобра функционалност на зглобовите
Поголема стабилност и подолг животен век на протезите
Намален ризик од компликации
Побрзо закрепнување и враќање на секојдневните активности
Со оваа интервенција, Клиниката за ТОАРИЛУЦ се позиционира како водечки центар во Северна Македонија за современи светски стандарди во хирургијата на колк и колено.