Прва Парада на гордоста во Скопје, силно полициско обезбедување, без инциденти

Силно и строго полициско обезбедување на првата парада на гордоста во Скопје. Речиси сите кои доаѓаа кон паркот Жена борец, каде беше закажан стартот на парадата, полицијата ги проверуваше и идентификуваше. Пред Собранието и околу паркот имаше голем број на полициски службеници, но и металнан ограда.

Сите учесници добија алка со која можеа слободно да се движат како дел од Парадата.

Имаше и такви кои си го покриле нивното лице. Имаше поддржувачи од Бугарија, Албанија и други земји.

Маршот започна од Триумфална порта, а ги предводеше камион на кој се возеа танчерки.

Додека маршираа низ градските улици,  љубопитни граѓани гледа низ прозорците и балконите. Некои ги гледаа, други фотографираа. На маршот имаше и голем број деца.

Учесниците на парадата се движеа од паркот Жена борец, преку улицата „Рекорд“, покрај зградата на Владата, а заврши кај „Школка“ во градскиот парк. Се вееше знамето на ЛГБТ заедницата и се танцуваше.

Ова е прва парада на гордоста што се одржува во Скопје. Деситици граѓани излегоа за да ги побараат правата на ЛГБТ заедницата.

Парадата помина без инциденти. Со силно полициско обезбедување, затоа што на другата страна имаше и контра протести.

Завршната точка беше до Градскиот парк каде ги пречека музика.

„Честито Прајд Скопје. Прекрасно е чуството и поддршката е многу поголема отколку што очекуваме. Ова покажува дека нашето општество сепак созрева и одиме напред. Благодарам на подршката и на сите што дојдовте. Немаше инциденти секогаш ќе има некој нешто нема да му чини“, рече Кочо Андоновски од ЛГТБ.

Парадата ја подржаа и политичарите, меѓу нив министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, министерката за труд и социјала Мила Царовска, како и поранешниот пратеник Павле Богоевски.

-Сакаме да пратиме порака, а поддршка и унапредување на правата на ЛГБТ заедницата која што во нашето општество е една од најмаргинализираните заедници. Потребно е сите заедно да дадеме поддршка и солидарност во борбата против нивната дискриминација и против говорот на омраза-рече Маја Морачанин, пратеничка во Собранието.

Маршот го поддржаа и дел од амбасадорите.

-Има уште работа за која треба да посветиме внимание. Луѓето треба да запаметат дека треба да бидат горди и дека дискриминацијата не помага на никого. Амбасада на САД е тука да направи прогрес за овие прашања за Република Северна Македонија-изјави Кејт Бурнс, в.д. амбасадорка на САД.

Поддржувачите на парадата  велат дека пораката е испратена дека никој не смее да се плаши да каже тоа што го чуствува.

-Јас сум тука затоа што сум член на ЛГБТИ. И јас сум тука за секој ЛГБТИ личност којa не може да биде тука, којa живее во страв, депресија и осаменост. Оттука испраќам порака на секој член на ЛГБТИ да биде тоа што е. Денес, државата и институциите покажаа дека се на наша страна. Поддржувачите се од наша страна и на сите им порачувам да го поминат стравот и да бидете посилни и да бидеме она што сме.

Тука сум затоа што генерално мразам омраза и да ја дадам подршка на сите луѓе тука  затоа што сметам дека никој не треба да живее скриено во нешто што е. Треба да живееме во слобода-вели Беким Асани, ЛГБТ активист.

Парадата заврши со музички хепенинг. Изведба  на песната на Тамара Тодевска Прајд го отвори музичкиот дел.

РЕПОРТЕР: АРБАНА Ќ. КЛИМЕНТА

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното