Македонија

Првата група аџии од Македонија пристигнаа во Мека, најзначајното свето место (ФОТО)

Првата група аџии од Македонија пристигнаа во Мека, најзначајното свето место (ФОТО)

Поглаварот на муфтијата на Скопје, Ќенан Исмали соопшти дека попладнево првата група граѓани кои заминаа за Мека, се веќе пристигнати.

„Аџиите од првата група извршија Умра, надевајќи се дека нивните молитви и ибадети ќе бидат прифатени“, напиша тој.

Инаку, граѓаните заминуваат за светиот град Мека на аџилак или хаџ кој претставува еден од петте столбови во исламот.

Повеќе од 15 милиони муслимани ја посетуваат Мека годишно, додека пак според информациите, влезот во овој дел е строго забранет за не-муслиманите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни