Првата СМС порака која била испратена на 3-ти декември 1992 година, вчера беше продадена на аукција во Париз за 107.000 евра.
СМС пораката беше понудена на аукција од британската телекомуникациска компанија Водафон како таканаречен NFT (незаменлив токен), а во неа се честита Божиќ.
Пораката ја испратил инженерот на Водафон Нил Пепворт од компјутер до менаџер во Велика Британија кој ја примил на неговиот телефон Орбител тежок два килограми.
Купувачот купил реплика на оригиналниот протокол за комуникација.
Приходите од продажбата ќе бидат наменети за агенцијата на ОН за бегалци УНХЦР.
